А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Добрила Кацарска избрана за претседателка на Уставен суд

by Кристијан Ландов26/05/2021 - 12:5226/05/2021 - 20:50544
Share0

Судијката Добрила Кацарска е избрана за претседател на Уставниот суд. Таа е назначена со мнозинство гласови, односно 6 „за“, од девет судии кои имаат право на глас. Ова доаѓа откако Кацарска во ноември 2020 година беше избрана за уставен судија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Кацарска има стаж од 30 години како судија. Покрај кривичните предмети, има судено и предмети од граѓанска материја. Таа ги судеше и предметите како „Организираниот упад во Собранието на 27 април“, „Тенк“ во кој осудена е Гордана Јанкулоска, „Транспортер“, „Триста“.

Кацарска беше член во работните групи за изготвување на неколку закони и тоа: Измени на Законот за адвокатурата, Законот за судската служба, Законот за изменување и дополнување на Законот за парничната постапка, Законот за измени и дополнувања на Законот за општата управна постапка. Исто така, била еден од авторите на Прирачникот-Водич за новоизбрани претседатели и секретари на судовите.

kacarskaustaven sud

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести и судир со полицијата во Полска – премиерот Туск е обвинет за државен удар

А1он31/10/2026 - 08:46

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Горан Наумовски21/10/2026 - 16:03

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Горан Наумовски21/10/2026 - 15:59

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Катерина Ѓуровски20/10/2026 - 10:5120/10/2026 - 12:28

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

Предраг Петровиќ07/10/2026 - 17:28

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Предраг Петровиќ23/09/2026 - 15:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео