Добредојдовте во Ливада! Уште една табла на албански и албанско знаме

Од:

Добредојдовте во Ливада. Табла со натпис само на албански јазик, на која во позадина е насликано албанското знаме деновиве осамна и на влезот во струшкото село Ливада. Ова е втора ваква табла по онаа во селото Шум, која беше поставена неодамна.

Добрите познавачи на приликите во градот, дека ваквиот тек на настаните не оди во прилог на меѓуетничкоиот соживот во градот кој со неколку исклучоци секогаш бил на највисоко ниво, и оти со гестот на поставување на табли на населени места само на еден јазик во случајов албанскиот, сака да се прикаже доминантноста на една етничка заедница.

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко неодмна рече дека поставувањењето на таблите било поврзано со 100 годишнината од албанското знаме и на Македонците им порача дека ова македонската заедница во Струга не треба да го проблематизира.

„Оваа година прославуваме 100 години од албанското знаме и од незавиноста на Албанија. Треба сите да научиме дека секој си го почитува своето и треба да го почитуваме и ние од различни етникуми.Таму живее етничко албанско население и тоа прашање не треба да се проблематизира“ рече Мерко.

За сега никој од надлежните институции не реагира на самоволието кое се случува во струшко.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски