До утре трае конкурсот за новинари кои пишуваат за социјални теми

Од:

До утре трае конкурсот за доделување награди за новинари кои пишуваат за социјални теми поврзани со сиромаштијата и социјалната исклученост.

Конкурсот е распишан од страна на Македонската платформа против сиромаштијата, а на него може да се пријават новинари чии стории се објавени во периодот од 1 февруари 2018 до 1 февруари годинава.

Сторијата треба да биде објавена на радио, телевизија, печатен или онлајн медиум, да е поврзана со сиромаштијата или социјалната исклученост и да се однесува на ситуацијата и луѓето во државата. Еден новинар може да пријави само една сторија, а може да бидат пријавени повеќе стории од иста редакција, но од различни новинари.

Од Македонската платформа против сиромаштијата информираат дека наградите нема да бидат парични, туку од симболичен карактер.

Жири комисијата ќе биде составена од луѓе кои имаат искуство со животот во сиромаштија.

Конкурс беше распишан и во 2018 година, а организаторите сакаат доделувањето на наградите да стане традиционално.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ССНМ и „Еднаква“: Новинарките сепак известуваат, не можете да ги замолчите

Горан Наумовски

Рекорден број на убиени новинари во 2025 година, Израел е одговорен за две третини од убиствата

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет