До септември осветлување на 12 клучки и крстосници на регионални патни правци

Од:

Јавното претпријатие за државни патишта за до средина на септември годинава најавува завршување на почнатите активности за осветлувањето на 12 клучки и крстосници на регионални патни правци со поддршка од Светска Банка. Се работи за клучките Оризари, Истибања, Удово, Асамати, Љубојно, Македонски Брод, Пелинце, Виница, Лаквица, Росоман и клучка Карпош- Куманово.

Вкупната должина осветлен пат на овие 12 клучки изнесува 10.200 метри, а ќе бидат поставени вкупно 255 еднокраки и двокраки канделабри. Инвестицијата е во вредност од 36 милиони денари.

Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов денеска направи увид во градежните активности на клучката Карпош- Куманово на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, како и на клучката Пелинце на делницата Куманово-Пелинце.

На клучката Карпош активностите се во поодмината фаза и се работи на поставување на канделабрите, додека на клучката Пелинце е завршено со бетонирање на фундаментите за канделабрите, по што ќе бидат поставени.

Паралено се почнати градежни работи и на клучките Асамати, Љубојно и Суводол-Македонски Брод, а се планираат активности за почнување и на клучките Оризари, Истибања и на влезот во Виница.

Од ЈП за државни патишта соопштуваат дека продолжуваат со проектот за осветлување на клучките на државните патишта со цел да се подигне нивото на услуги за корсиниците и пред се да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози