До пладне нема поднесени тужби од партиите до Управниот суд

Од:

До денеска во 12 часот нема поднесено тужби од партиите против одлуките на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата, потврдија за МИА од Управниот суд.

Рокот за партиите да поднесат тужби до Управниот суд е 24 часа и истекува вечер имајќи предвид дека ДИК синоќа им ги достави решенијата на политичките партии за чии приговори одлучуваше.

Снежана Кипровска, шиш судски соработник во Управниот суд информира дека синоќа до судот пристигнала една тужба од Ѓорѓи Шарковски против, како што стои во поднесениот документ, „државната администрација во Кривогаштани“ во врска со поднесување на листа за кандидати за градоначалник. Судечки совет во Управниот суд ја разгледува оваа тужба.

За тужбите по решенијата за приговорите за првиот круг од локалните избори од партиите треба да се одлучува во рок од 48 часа по поднесувањето. Ќе одлучуваат пет судечки совети составени од по петмина судии од Управниот суд избрани по пат на жрепка. Тужбите електронски ќе им се распоредуваат на судиите, а одлучувањето ќе биде на јавни седници, велат од Управниот суд.

ДИК ги одби сите поднесени приговори за првиот круг од локалните избори. Најмногу приговори поднесе ВМРО-ДПМНЕ, а приговори имаа и Алијанса за Албанците, ТМРО и Левица.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори