До петок променливо време со дожд и ветер

Од:

Од денеска попладне до среда времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, засилен до силен ветер и услови за ситен град, соопшти УХМР.

Во среда ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на дневната температура за неколку степени. Во четврток и петок утринските температури ќе бидат пониски.

Во Скопската Котлина од денеска попладне до среда времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, ветер, грмежи, краткотрајно во форма на невреме.

Би можело да ве интересира

УХМР: Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда

Денеска врнежи од дожд, на планините снег

Денeска облачно со сончеви периоди и повремен дожд

Горан Наумовски

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Следните денови врнежи од дожд и посвежо

Денеска претежно облачно со слаб локален дожд