До манастирот Трескавец досега изградени само 720 метри пат

Од:

Асфалтниот пат до манастирот Трескавец во должина од 7,5 километри и ширина од 3,5 метри,кој е во изградба и ќе служи за поврзување на манастирот со патната мрежа во општината и пошироко, според најавите од локалната самоуправа требаше да биде пуштен во употреба  на 28 август оваа година на празникот Голема Богодордица,кога е славата на манастирот.

Камен-темелникот беше поставен во август минатата година. Досега  асфалтирани се 720 метри од вкупните 7,5 километри, а од локалната самоуправа најавуваат дека градежните работи би требало да завршат за 18 месеци.

pat-treskavec2

За реализација на овој проект државата издвои 83 милиони денари.

Патот до Трескавец е од огромно значење за развојот на туризмот, не само на манастирскиот туку и на културниот – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Инаку, Заводот и музеј од Прилеп работи на проектот за реконструкција на конаците што изгореа пред пет месеци.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спасени се две туристки од Полска кои паднале во пресек од карпа над провлија кај „Трескавец“

Се бараат доброволци за гаснење на пожарот кај Трескавец

Наум Локоски

ЦУК: Повторно е активен пожарот во близина на Трескавец

Наум Локоски

Трескавец се уште во опасност, голем број доброволци се борат со огнената стихија

Наум Локоски

Околу 140 луѓе внимаваат на пепелиштето околу манастирот Трескавец

Ана Ололовска

ЦУК: Пожарот околу манастирот Трескавец ставен под контрола

Ана Ололовска