До крајот на неделава се очекува датум за изборите

Од:

Третата вонредна состојба, која претседателот Стево Пендаровски ја прогласи на последната седница на Советот за безбедност, овој пат во траење од 14 дена истекува на крајот на месецов, по што според Уставот треба да продолжат законските активности за одржување на предвремените парламентарни избори, кои беа одложени поради коронакризата.

Партиите се уште без усогласен термин за изборите, откако последната лидерска средба заврши со различни ставови на власта и опозицијата за натамошните активности околу предвремените избори, кои пред избувнувањето на епидемијата на Ковид-19 требаше да се одржат на 12 април.

И власта и опозицијата сакаат на избори со датум, за кој е постигнат консенсуз, но засега според она што го кажуваат во јавноста, заеднички јазик нема, а усогласување на ставовите се очекуваат до крајот на оваа недела, иако засега се уште нема официјална потврда за нова лидерска до 30 мај, паралелно со завршувањето на 14-дневната вонредна состојба.

Лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев вчера во телефонски разговор со в.д. премиерот на Косово Албин Курти, нагласил дека до крајот на оваа недела ќе се знае кога ќе се одржат изборите, додавајќи дека тие треба да бидат организирани во најбрз можен рок.

За содржината на разговорот Заев-Курти јавноста беше информирана преку соопштение на СДСМ, откако претходно лидерот на Движењето Самоопределување вчера повторно се заложи за вонредни парламентарни избори во неговата земја, наведувајќи неколку држави во кои ќе има избори во наредните месеци, меѓу кои и Северна Македонија која, според него, ја чекаат избори во јули.

Лидерот на СДСМ по завршувањето на лидерската средба кај претседателот Пендаровски, рече дека првиот термин за избори, по укинувањето на вонредната состојба и врз основ на Уредбата со законска сила, е 21 јуни.

Лидерот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на лидерската предложи три термини: 23, 30 август и 13 септември и натаму за избори во рамки на тој период.

Бројките покажуваат дека во изминатите два дена не се регистрирани починати од коронавирусот во државава, како и минимален пад на бројот на заразени, кој вчера достигна 21, а завчера беше 37. Вкупната број на дијагностицирани со Ковид-19 во земјава од почетокот на епидемијата, изнесува 1.999, бројката на оздравени пациенти е 1.439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјава изнесува 447.

Според Уставот, изборите мора да се одржат дваесет и два дена по завршувањето на вонредната состојба. Министерката за правда Рената Дескоска минатата недела елаборирајќи ја владината уредба која се однесува на изборите, нагласи дека изборните дејствија се веќе започнати од страна на институциите, значи се преземени чекори за подготовка на изборите – истите се паузирани поради вонредната состојба, а продолжуваат онаму каде што застанале веднаш по завршувањето на вонредната состојба.

Таа на лидерите им порача дека може да разговараат за одредени рокови или термини за избори, но тие термини мора да бидат во рамките на Уставот, со почитување на уставните одредби, бидејќи никој, ниту волјата на лидерите не смее да се стави над Уставот на нашата држава.

-Ако не се продолжи вонредната состојба, во тој случај изборите неминово паѓаат дваесет и два ден по завршувањето на вонредната состојба, порача Дескоска.

Третата вонредна состојба во траење од 14 дена Пендаровски ја прогласи по седницата на Советот за безбедност на 15 мај, а како причина за тоа го наведе спроведувањето на економско-социјалните мерки за справување со кризата, што ја предизвика епидемијата на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он