До крајот на неделата ќе биде доставен прочистениот список на добитниците на помошта од 6.000 денари

Од:

Управата за јавни приходи во текот на оваа недела треба до Генералниот секретаријат на Владата да го достави прочистениот список на оние кои добиваат финансиска поддршка од 6.000 денари за купување домашни производи, со цел да се направи соодветна објава.

Ова го соопшти директорката на УЈП Сања Лукаревска, наведувајќи дека станува збор за повеќе сетови на податоци кои трба да бидат точни затоа што сите неточни се враќаат на обработка.

Ова е дел од четвриот пакет антикризни мерки, кој предвидува помош од 6.000 денари за повеќе ранливи категории. Станува збор за граѓани со низок доход, самохрани родители, пензионери со пензии до 15.000 денари, невработените кои се пасивни баратели на работа, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, корисници на право на социјална сигурнот на стари лица, деца без родители и родителска грижа…

Средствата ќе се префрлаат на трансакциска сметка на граѓаните, а треба да се искористат до 25 декември.

Би можело да ве интересира

УЈП: Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година

УЈП: Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност за сите постапки

А1он

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Деветмина осомничени „заработија“ мерки на претпазливост по акцијата поврзана со УЈП

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната, ако има енормно зголемување, ќе реагираме

Катерина Ѓуровски