До крајот на 2023 година треба да биде завршен патот Извор – Гарски Мост

Од:

Завршена е рехабилитацијата на патот од Дебар до албанската граница. Во овој период се работеше и на физибилити студијата, главната проектна документација се заврши, во 2021 година согласно програмата на ЈП за државни патишта распишана е јавна набавка за избор на изведувач и за најдобра понуда за изградба на регионалниот пат Р2246, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

Тој изрази уверување дека во скоро време ќе се избере и изведувачот за делницата Извор – Гарски Мост, во должина од 19 километри, по што ќе почне и изведбата за да се запазат роковите и до крајот на 2023 година патот да биде завршен.

-Делницата Извор – Гарски Мост ќе овозможи целосно подобрување во врските меѓу Кичево, Дебар и албанската граница. Тоа значи побрзо и непречено одвивање на сообраќајот во југозападниот плански регион, при што ќе се скрати времето на патување меѓу Кичево и Дебар. Очекуваме овој проект да биде реализиран до крајот на 2023 година. ЈП за државни патишта почна и со целосна рехабилитација на регионалниот пат Р1202, делница Маворви Анови – Жировница во должина од 18.460 километри, инвестиција вредна 6,18 милиони евра. Трасата на оваа делница е продолжение на петходно завршената траса на делницата која се рехабилитираше, Бунец – Маврови Анови, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата со министерката Шахпаска во Владата.

Би можело да ве интересира

Маж од Дебар им се заканувал на неговата мајка и на неговата малолетна сестра

Горан Наумовски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Деветгодишниот Павел Ангеловски вторпат го фати светиот крст во Дебар

А1он

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози