До кога „Железара“ ќе го труе Скопје

Од:

Фабриките од поранешната скопска „Железара“, продолжуваат со труење на воздухот во метрополата. Овој чад станува секојдневие. Најпогодени се жителите од Железара и Бутел, но штом ветерот дувне посилно, тогаш целата котлина ги чуствува последиците. Никогаш не било пострашно, обвинуваат граѓаните.

Од градот Скопје се прогласуваат за ненадлежни. Од Управата за заштита на животната средина, пак, објаснуваат дека преговорите со Макстил, како најголеми загадувач овде, ги започнале уште во 2006-та, но сеуште немаат резултати. Прво се правдале со кризата, сега со тешката економска состојба. Сепак, уверуваат од животна средина, крајниот рок за исполнување на еколошките стандардите е април 2014-та. Во спротивно фабриката ќе биде затворена.

Но уште една опција сеуште останува отврена, појаснувааат од Управата за животна средина. Иако според законот 2014-та е крајниот рок, ако Владата одлучи поинаку, труењето на Скопје, може да биде пролонгирано уште седум години, до 2019-тата. Макстил сеуште нема ни почнато со изградба на еколошкиот систем, а таа вообичаено трае со години.

И покрај тоа што загадувањето е очигледно, сеуште не е потврдено присуството на опасните диоксини и фурани, за кои има индикации декасе испуштаат од фабриките на скопската „Железара“. Македонија нема таква лабораторија.Од животна средина објаснуваат, дури и чадот кој доаѓа од овие оџаци е помалку опасен од материите што остануваат невидливи за нас.

Јасмина Јакимова

Би можело да ве интересира

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка