(ВИДЕО) До декември драфт верзија на стратегијата за соработка со дијаспората

Од:

До декември се очекува да биде изработена драфт верзија на националната стратегија за соработка со дијаспората по што ќе следува јавна расправа во која ќе бидат вклучени сите засегнати страни, најави денеска министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми.

На прес-конференцијата во Владата, министерот Адеми рече дека целта е да се изработи документ којшто ќе биде остварлив и којшто ќе може реално да се спроведе во периодот од 2018 до 2023 година.

– Изготвувањето на Националната стратегија за соработка со дијаспората ќе овозможи воспоставување на потесна соработка меѓу институциите на државата и дијаспората што е од особено значење и интерес за двете страни. Имаме за цел да поттикнеме и взаемна соработка меѓу самата дијаспора која живее и работи надвор од границите на Република Македонија, нагласи министерот Адеми.

Како причини за изработката на еден ваков документ, Адеми ги посочи системското утврдување на приоритетите на дијаспората, обезбедувањето на механизам за соработка, утврдувањето на правата и обврските од политички аспект на дијаспората, продлабочувањето на културата соработка и воспоставувањето на бизнис соработка со дијаспората.

Вчера, Владата на седница ја усвои Информацијата за потребата од изготвување на Националната стратегија по што треба да се формираат работни групи со претставници од министерствата за внатрешни работи, надворешни работи, здравство и образование, како и Агенцијата за иселеништво.

– Процесот на создавање на оваа национална стратегија ќе биде инклузивен во којшто ќе биде вклучени и јавноста преку граѓанските организации, организациите од дијаспората и индивидуалци кои живеат и работат надвор од државата, а кои ќе можат да придонесат во правец на создавање на стратегија која ќе биде сеопфатна и инклузивна, рече министерот Адеми.

Според него, дијаспората може да биде значаен катализатор за екеономскиот раст и важен сегмент за развојот на Македонија.

Би можело да ве интересира

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

Орце Костов

Адеми: Се согласуваме со Пендаровски дека треба да го одржиме европскиот курс

И „Виаком“, фирма блиска до Елмедин Адеми донирала на ДУИ

Александар Тодески

Адеми: Изразете поддршка за Груби, постапки на кукавици не треба да не плашат

А1он