До четврток треба да биде готов извештајот од стручната комисија за случајот со починатото новороденче во болницата во Битола

Од:

Одлуката на Судот на честа при Лекарската комора за период од седум години да му се одземе лиценцата за работа на д-р Ваљтон Дервиши, специјалист анестезиолог во ЈЗУ Клиничка болница Тетово, ја најави министерот за здравство Фатмир Меџити пред неколку дена, а денеска изјави дека „од тука веќе настапува Обвинителството и судскиот процес“.

Лекарската комора денеска утврди дека со снимањето пациенти и вработени во Тетовската болница на социјалната мрежа Тикток, докторот сторил повреда на Кодексот на медицинска деонтологија на ЛКРСМ, како и на Меѓународниот кодекс на медицинска етика. Согласно правните прописи, наведе Комората, тоа е максимална казна што може да се изрече за етички прекршок во работењето.

Министерот Меџити соопшти дека до четврток треба да биде готов извештајот од стручната комисија што тој ја формираше за случајот со починатото новороденче во болницата во Битола.

– До четврток законски поминува рокот. Како што сум известен, едната докторката што била инволвирана била на пат, ја чекале неа да се изјасни за настанот. Мислам дека најдоцна до утре или задутре ќе имаме извештај од стручната комисија во врска со родилката и бебето кое, за жал, почина, рече Меџити по презентација на платформата Е-здравство.

Одговарајќи на новинарско прашање, Меџити рече и дека службите ги проверуваат наводите дали во тетовската болница има недостиг од ампули „Фентанил“ и дека деновиве Министерството за здравство ќе информира во што е проблемот доколку има дефицит.

Би можело да ве интересира

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски

Лажен лекар од лековерна битолчанка зема 27,000 евра, жртвата касно дозна дека е измамена

Горан Наумовски

Битола добива нов голем хотелски комплекс

Предраг Петровиќ