До 15 часот вакцинирани вкупно 939 деца со МРП вакцина

Од:

Министерство за здравство информира дека денеска до 15:00 часот вакцинирани се вкупно 939 деца со МРП вакцина. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници). МРП вакцина е висококвалитетна и ефективна, а производител е GlaxoSmithKline од Белгија.

„Вакциналните пунтови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, викендов, на 5 и 6 јануари 2019 година, ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19:00 часот. Во понеделник, на 7 јануари 2019 година, овие пунктови ќе работат само прва смена од 07:30 до 13:00 часот.

Апелираме, до сите родители да ги вакцинираат децата со МРП вакцина. Потсетуваме дека сѐ уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје.

Родителите кои со своите деца ќе одат во поликлиниките на вакцинација, имаат право да го проверат производителот и рокот на траење на вакцината, пред да ги вакцинираат“, соопштуваат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Потпишана Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата

Горан Наумовски

Донесена одлука за прием во детски градинки на деца кои примиле три дози ДиТеПер вакцина со задолжително примање ревакцина по шест месеци

Предраг Петровиќ

Невакцинирани деца не би требало да се вратат во градинка вели новиот министер за здравство

Манолева: Пунктовите во здравствените домови работат со продолжено работно време

Меџити: Има доволно вакцини, родителите да ги вакцинираат децата

Над 3.600 деца вакцинирани или им е закажан термин преку кампањата „Од врата до врата“