До 15 март во Украина без визи

Од:

Македонските граѓани кои сакаат да патуваат во Украина до 15 март следната година ќе нема потреба од вадење виза  за краткорочен престој.

„Одлуката за укинување на визите ја донесе  пред два дена украинскиот претседател, со желба за развој и практично остварување на принципите на добрососедско партнерство меѓу Украина и Република Македонија, интензивирање на билатералните контакти во сите области на заемни односи и потврдувајќи ја намерата да се продолжи соработката во сферата на либерализација на режим за заемни патувања на граѓаните“, соопшти денеска Амбасадата на Украина во Скопје.

Државјани на Република Македонија, кои ќе престојуваат во Украина до 90 дена во рок од 180 дена од денот на првото влегување, ќе влегуваат на нејзината територија само со важечка патна исправа без поседување визи, покани, односно други документи, предвидени со важечката билатерална Спогодба за заемни патувања на граѓани. Задолжителни се патничко осигурување и доказ дека граѓанин поседува доволно средства за престојот во Украина.

Одлуката нема да  важи за оние граѓани кои  сакаат  во Украина  да се вработуваат.

Би можело да ве интересира

Украина разви модем за дронови, повеќе нема да зависи од „Старлинк“

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Зеленски бара јасни безбедносни гаранции: Кој и како ќе реагира ако Русија повторно ја нападне Украина?

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

Фронмајер до Мерц: „Какво е ова лудило – им земате на Германците за да ѝ давате на Украина“

(ВИДЕО) Судир меѓу граѓани и Националната гарда во Киев: Демонстранти сакаа да влезат наводен таен воен затвор

Горан Наумовски