До 1 јуни 2015 година треба да се воведат новите ознаки за токсични хемикалии

Од:

Дополнителни 200.000 до 300.000 евра ќе треба да вложат компаниите за целосно исфрлање на токсичните хемикалии од производниот процес. Оваа обврска е веќе светски стандард и Европската унија планира да ја имплементира до 2018 година.

Во Македонија рокот веројатно ќе биде пролонгиран, до 2020-та, зашто, според Стопанската комора, процесот е долг и комплициран.

Во меѓувреме, до 1 јуни 2015 година, досегашните портокалови ознаки за штетните хемикалии во индустријата ќе треба да се заменат со нови.

– Хемикалиите со старите ознаки кои се во залиха, ќе може да се доискористат, но се што ќе биде увезено или произведено по 1 јуни 2015-та, мора да биде со новите ознаки, истакна Лидија Савиќ од Агенцијата за лекови денеска на прес-конференција во Комората.

Штетните хемикалии се присутни во речиси сите стопански сфери, градежништвото, текстилната индустрија, козметиката, детските играчки,…. Системот за нивно управување кај нас е воведен во 2009 година и свеста кај бизнисот е релативно висока. Како што нагласи Савиќ, помалку запознаени се можеби малите претпријатија, но и тие, преку најразлични обуки, се подготвуваат за претстојната обврска.

– Македонија е генерално увозно зависна од производите кои содржат штетни хемикалии, но добар дел и тука се произведуваат. Поентата од системот за управување е веќе доловена. Останува да се имплементира во целост за што се еднакво одговорни и компаниите и законодавците, посочи Савиќ.

Анализите покажуваат дека исфрлањето на штетните хемикалии од производството ќе значи комплетна промена на некои производни процеси што за фирмите ќе претставува дополнителен трошок.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза