ДНЕТ: Сарач го прекрши статутот на партијата и го наруши нејзиниот углед

Од:

„По повод вчерашното гостување на Г-дин Ердоган Сарач во емисијата КЛИК ПЛУС на ТВ 21, огромно мнозинство на членство на ДНЕТ како и членови на Извршниот Одбор на ДНЕТ (Движење за Национално Единство на Турците) ги отфрламе како целосни невистини изјавите изнесени во горенаведената емисија, и се оградуваме од истите!

Како прво, сите ставови на г-дин Ердоган Сарач врзано за предизборниот период и преговорите околу коалицирањето се апсолутна лага, и договорот со Коалицијата За Живот е се уште во сила.

Второ, спротивно на партиските органи и исклучиво за ЛИЧНИ цели ја злоупотреби партијата ДНЕТ и без одлука на И.О. и на Ц.И.О. одлучи за коалиција со режимот.

Трето, со личната одлука за коалицирање со режимот Ердоган Сарач го прекрши статутот на партијата, и го наруши угледот на партијата и нејзините членови.

Четврто, Ердоган Сарач треба да разбере дека режимот падна и доаѓа нова реформска влада која ќе го врати достоинстовото на сите граѓани на Македонија.

Петто, Ердоган Сарач, наместо да продолжи да ја лаже и манипулира јавноста со небулозни ставови, доблесно е да поднесе оставка на функцијата Претседател на ДНЕТ и да ја остави партијата да ја водат луѓе чесни, искрени и демократски ориентирани.

И конечно, доколку во рок од 48 часа Ердоган Сарач не поднесе оставка, како Генерален Секретар кој се грижи за статутарно функционирање на партијата ќе се свикам седница на Извршен Одбор во кој ќе ја дискутираме актулента ситуација во партијата“.

Би можело да ве интересира

ДНЕТ со поддршка на градоначалничката кандидатура на Таравари

Наум Локоски

ДНЕТ: Поддршка на СДСМ и опозицискиот фронт до конечна победа

Ана Ололовска

Јакуповиќ до Сарач: Немој да се криеш под параванот на Режимот!

Ана Ололовска

ДНЕТ: Не одиме во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, одлуката на Сарач е лична и несериозна

А1он

ДНЕТ со поддршка за Ердоган

Емир Латифовиќ

Движење на Национално Единство на Турците: Изборите поминаа во недемокартски дух со заплашувања и закани

Ана Ололовска