ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на својата веб страница објави листа на институции кои не ја исполниле законската обврска за доставување на податоци за моторните возила со кои располагаат, ниту доставиле информација дека не располагаат со службени возила, односно располагаат со службени возила опфатени со Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување.

-Согласно со член 8-б став 2 од Изборниот законик, јавните фондови, јавните претпријатија и сите други правни лица што располагаат со државен капитал, се должни во рок од десет дена од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори, до Државната комисија за спречување на корупцијата, да достават податоци за бројот, видот, регистарската таблица и возната состојба на моторните возила со кои располагаат, се вели во соопштението на Антикорупциската комисија.

Согласно член 8-б став 5 од Изборниот законик, доколку горенаведените субјекти не ги достават податоците, од Државната комисија за спречување на корупцијата посочуваат дека покренуваат прекршочна постапка во рок од 15 дена од истек на рокот за доставување на податоците.

-Имајќи во предвид дека постои правна празнина, односно во Изборниот законик не се предвидени прекршочни санкции за непочитување на наведената обврска, ДКСК нема можност за покренување на прекршочни постапки по овој основ, се наведува во соопштението на ДКСК.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски