ДКСК: Основани претставките против Спасовски и СДСМ

Од:

Антикорупциската комисија оцени дека се основани претставките поднесени од МВР против министерот за внатрешни работи за кршење на одредбите од членот 8а од Изборниот законик и од Коалицијата „За подобра Македонија“ против СДСМ и коалицијата, општина Куманово, градоначаникот на општина Куманово и ЈКП Куманово за кршење на одредбите од членот 8б од Изборниот законик.

На денешната јавна седница Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ги разгледа двете претставки поднесени на 28 ноември годинава и заклучи да му препорача на ОЈО Скопје како надлежен орган да преземе мерки и активности за испитување на наводите во нив и да достави комплетна информација до Комисијата.

Како што информира известителот Фарие Алиу од ДКСК, првиот приговор е поднесен од МВР преку дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов.

– Приговорот е поднесен за непочитување, односно повреда на одредбата од членот 8а од Изборниот законик. Се наведува дека повредата ја извршил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со злоупотреба  на својата службена положба и овластување. Наводите укажуваат дека на денот и по денот донесување на решението за распишување на изборите министерот еднострано извршил распоредување и унапредување на лица вработени во МВР, рече Алиу.

Таа нагласи дека со приговорот се доставени и докази и тоа наредби за извршување работни задачи. Од 10. наредби доставени се пет од кои три со датум 23 ноември 2016 година, две од 7 ноември 2016 година. Од 18 решенија за распоредување, вкупно се доставени 16 со приложена документација и носат датум 18 октомври 2016 година. Во сите случаи, посочи, се работи за документи направени на денот или по денот на донесување на одлуката за распишување предвремени парламентарни избори.

– Од доставените решенија и наредби за распоредување за вршење работни задачи на работни места со повисоко звање на лицата им се утврдува плата во висина на платата на работно место кое се задолжува да го работат што значи основна плата и зголемен износ на средства наменет за плата за 30 отсто поврзано со одреден статус. На овие вработени во МВР им се исплатува зголемена плата различна од редовните месечни исплати што ги примале пред  денот на донесеното решение за распоредување. Со тоа се предизвикува финансиски импликации, односно вонредни исплати од буџетските средства, појасни Алиу.

Врз основа на наводите од приговорот и сите приложени докази, нагласи, се гледа дека е повредена одредбата од членот  8а, став 1, алинеа 3 од Изборниот законик и не е почитувано мислењето од ДКСК под број 12 – 4119 доставено до МВР врз основа на нивно претходно барање потпишано од пријавениот.

– Согласно тоа постои основан сомнеж  дека новодите од приговорот се основани, потенцира Алиу.

Претседателот на ДКСК Игор Тантуровски во врска со вториот предмет посочи дека станува збор за претставка поднесена од Илија Илиоски, овластениот претставник на Коалицијата за предвремени избори предводена од ВМРО-ДПМНЕ против Коалицијата на СДСМ, општина Куманово, градоначалникот на општина Куманово и ЈКП Куманово.

– Приговорот е поднесен за непочитување, односно повреда на одредбите од членот 8б од Изборниот законик и во него се наведува дека повредата ја извршиле вработени во ЈКП Куманово и претставници на СДСМ и коалицијата. Наводите укажуваат дека на денот и по денот на донесување на решението за распишување на изборите користејќи  службени возила и вработени од Јавното комунално претпријатие Куманово пренесуван е изборен и предизборен материјал за партиски цели на СДСМ и коалицијата, рече Тануровски.

Заедно со приговорот, додаде, доставени се и фотокопии од фотографии, објава од текстови од медиуми и видеа на ЦД.

– Согласно прилозите кои се доставени во предметот може да се констатира дека приговорот е основан. Врз основа на тоа предлагам да се достави документацијата на произнесување до директорот на ЈКП Куманово и до градоначалникот на општина Куманово. Да се побара од ОЈО Скопје како надлежен орган да преземе мерки  и активности за испитување на наводите за прекршување на членот 8б од Изборниот законик и до ДКСК да достави повратна информација. Воедно, изјавите од директорот и градоначалникот да се достават до ОЈО Скопје, рече Тантуровски.

Би можело да ве интересира

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје

Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје

(ВИДЕО) Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за финансиски средства за бранителите

СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари – граѓаните плаќаат за неспособноста на владата