Џексон: До крајот на годината македонското место во ЕУ и НАТО ќе биде појасно

Од:

Брус Џексон, од Проектот за транзициски демократии и долгогодишен поддржувач на македонското членство во НАТО, смета дека на крајот на 2013 година ќе биде појасна перспективата на Македонија за членство во НАТО и за отворање на преговорите со Европската унија, како и можноста за влез во НАТО на следниот самит предвиден за 2014 година.

– Слушам многу креативни идеи од Европската комисија, каде се оптимисти. Мислам дека договор може да биде постигнат и дека ќе има успех по ова прашање. Како што американската економија зајакнува, а европската се подобрува, може да бидеме оптимисти дека 2014 година ќе биде добар период да се доносат политички одлуки за НАТО. Притоа сметам дека предлогот од Чикаго, Црна Гора, Македонија, Босна и Грузија да се сметаат за група е несериозен, не е фер нашите најдобри ученици да ги ставаме во група со земји кои имаат структурни проблеми. Имаме два квалификувани кандидати, двете земји на „М“, Македонија е квалификувана веќе четири години, а Црна Гора (Монтенегро) работи исклучително добро и беше на праг на добивање на покана за членство на самитот во Чикаго, вели Брус Џексон во разговор за МИА.

Џексон, кој доаѓа од неоконзервативното крило на Републиканската партија, силно го критикува досегашниот ангажман на претседателот Барак Обама по прашањето на Европа во целина и особено за запирањето на проширувањето на НАТО. Тој очекува, освен со активностите за решавање на спорот со Грција и со смените во американската администрација, со новиот државен секретар Џон Кери и очекуваната смена на помошникот секретар за Европа Фил Гордон, да се добие нов импулс во односите со Европа.

– Администрацијата на Обама не стори ни приближно доволно за Балканот, а особено за Македонија. Претседателот Обама е познат како незаинтересиран за надворешната политика, особено за Европа, за разлика од односите со Кина или БРИК земјите. Државниот секретар Клинтон има одлично искуство на Балканот, но тоа не се ефектуираше во нејзиниот мандат, и таа не е виновна за тоа. Мислам дека претседателот Обама не беше заинтересиран за Балканот, а со тоа и помошникот државен секретар Гордон не доби инструкции да ја заврши работата. Никој не мрдна со прст за Балканот на самитот во Чикаго. Претседателот смета дека Македонија веќе пет години е членка на НАТО, де факто оваа состојба постои и без потпишан договор, зарем некој мисли дека САД нема да реагираат ако некој ја нападне Македонија? Зошто претседателот да го троши својот престиж на едно вакво прашање, кога на многу места луѓе гинат и има сериозни закани за светската економија?, вели Џексон.

Според неговите оценки, главна пречка за решавање на спорот е Грција, за која Џексон вели дека прекуноќ поминала од блокада на разговорите поради нејзината позиција на сила во однос на Македонија, во земја која ги одбегнува разговорите за спорот поради нејзината економска слабост.

Џексон предвидува дека економското тонење на Грција ќе продолжи и во 2013 година.

– Правилото беше, не смееме да и зборуваме на Грција за решение на спорот бидејќи се многу силни, членка се на НАТО, на ЕУ. Сега е обратно, не смееме да и зборуваме на Грција, бидејќи до толку се пропадната држава што може уште утре целосно да ни се распаднат. Во моментов Грците се хистерични, вон себе, а и кој не би бил, со нивниот пад на бруто домашниот производ. Паѓаат веќе пет години и уште не удриле на дното. Постои опасност од нивен целосен економски распад и напуштање од институциите, што би го решило македонскиот проблем со формално членство во ЕУ на пример, но притоа би ве банкротирало. Економијат ана Грција е доволно голема што, ако целосно пукне, ќе може да ја повлече и Македонија и да има ефект врз целиот регион, со придвижување на економски имигранти и други дестабилизирачки бранови, смета Џексон.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски