Џафери телефонски се заблагодарил за поддршката на САД кон Македонија

Од:

Министерот за одбрана Талат Џафери денеска оствари телефонски разговор со помошникот на секретарот за одбрана на САД за меѓународни безбедносни работи, Дерек Колет.

Џафери, како што информира Министерството за одбрана, се заблагодарил за континуираната поддршка која Република Македонија ја има од САД и информирал за актуелните реформски процеси во државата и регионот.

Разменети се мислења за активностите и напорите кои Министерството за одбрана ги презема во врска со евроатлантската интеграција на земјата, како и за плановите на Министерството во врска со придонесот во мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ОН.

Помошникот на секретарот за одбрана Колет ја повторил заложбата на САД за стратешко партнерство со Република Македонија и посочил дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија.

Тој истакнал дека САД се надеваат на што е можно поскоро решавање на проблемот со името, со што ќе бидат отстранети сите пречки за побрзо зачленување на државата во НАТО структурите.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он