Џафери: МО има јасно поставени цели-отворена и ефективна комуникација со граѓаните

Од:

Министерството за одбрана е насочено кон ефикасно практицирање на транспарентноста и навременоста, како наши водилки во пренесување на суштинските пораки кон јавноста, без разлика дали станува збор за интер-институционално, национално или меѓународно ниво.

Ова го нагласи министерот за одбрана Талат Џафери отворајќи ја Конференцијата за стратешки комуникации што денеска се одржува во Домот на АРМ во ко-организација на МО и Центарот за безбедносна соработка (РАЦВИАЦ).

– Министерството за одбрана, како институција која донесе Стратегија за стратешки комуникации има јасно поставени и дефинирани цели-отворена и ефективна комуникација со граѓаните на Република Македонија, почитувајќи ги принципите на веродостојност, разбирање, дијалог и единство, рече министерот Џафери, додавајќи оти коорганизирањето на оваа конференција покажува и дека МО и Република Македонија во целост се посветени кон суштинските елементи во процесите на комуникација, што доведува до забрзан развој и постојано унапредување.

Пред учесниците на третата по ред конференција од земјите-членки на РАЦВИАЦ (Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Грција, Хрватска, Црна Гора, Романија, Србија и Турција), се обратија и директорот на РАЦВИАЦ, амбасадорот Бранимир Мандиќ и портпаролот и раководител на односи со јавноста во ОБСЕ, Кети Бартон.

Директорот на РАЦВИАЦ, амбасадорот Мандиќ потенцирајќи оти стратегиските комуникации е комплексно и софистицирано прашање, посочи дека првиот чекор за да се разбере нејзиниот потенцијал во придонесувањето во националната безбедносна стратегија е правилно да се сфати како компонента во стратегискиот национален процес.

За портпаролот и раководител на односи со јавноста во ОБСЕ Бартон фактот што МО е коорганизатор на конференцијата е многу важен сигнал дека државата е заинтересирана и отворена за нови начини и аспекти на комуникација со јавноста.

– Овој начин на комуникација е многу важен во изградбата на демократијата и на довербата со јавноста. Многу е важно, без разлика дали се работи за западните или за источните земји, да се гради соработка помеѓу политичарите и новинарите, изјави меѓу другото Бартон.

Целта на конференцијата е да се направи своевидна слика на стратешките комуникации, да се утврдат нивните цели и предизвици, да се развијат принципи-водилки, како и да се утврди позицијата на јавните сервиси во однос на стратешките комуникации.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски