Џафери-Бенче:Македонија и Унгарија развиваат плодна соработка базирана на доверба

Од:

Развојот на досегашната соработка, како и модалитетите за нејзино континуирано унапредување, беа темите на кои разговараа министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери и амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, Јозеф Бенче, на денешната средба во Министерството за одбрана.

На средбата амбасадорот Бенче ги истакнал успешните процеси на развој и реформи во Армијата на Република Македонија и во Министерството за одбрана, а го поздравил и активното учество на припадниците на АРМ во меѓународните мировни мисии.

Република Унгарија, посочил амбасадорот Бенче, соопшти денеска МО, ќе продолжи да ја поддржува Република Македонија на нејзиниот пат кон целосно евроатлантско интегрирање.

На средбата бил потврден и интересот за продолжување на плодната соработка во областа на одбраната, особено во однос на военото образование и обука, военото здравство, како и соработката во однос на центрите за обука.

Република Македонија и Република Унгарија меѓусебната билатерална соработка ја базираат врз Спогодбата за воена соработка од 2002 година. Истата се реализира преку годишните планови за соработка кои содржат поголем број активности во воената медицина, размената на искуства од учества во мировни мисии.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски