Дивоизградени платформи кои беа отстранети минатиот септември, се враќаат во Охридско Езеро пред туристичката сезона

Од:

Една од платформите поставена во Охридско Езеро која беше отстранета кон крајот на месец  септември минатата година, односно по летната сезона во Охрид, а е лоцирана на плажата Канео, сега повторно е поставена на истото место. Од неа, беа извадени само штиците, но не и металната конструкција. Пред почетокот на овогодинешната туристичка сезона, платформата е повторно наместена на истото место каде што беше. Ваквиот потег создаде револт кај жителите на Охрид, но и еколошките здруженија.

Од Охрид СОС“, вината за ова ја гледаат кај Општина Охрид и Владата, за кои сметаат дека ја лажат јавноста, но и УНЕСКО со наводно воспоставување на ред во градот.

„Привремено демонтирана, пред новата летна сезона, полека се подготвува инфраструктурата за нови потенцијални гости. Бидејќи профитот е побитен од природното и културно светско наследство. Некој ги посоветувал привремено да ги отстранат штиците од металните конструкции пред доаѓањето на Реактивната мисија на UNESCO. Секоја штица е обележана со број, знаејќи дека штом мисијата ќе замине, за брзо ќе си се вратат на старото место. Тоа и се случи“, реагираат од „Охрид СОС“.

ВРАЌАЊЕ ВО НОРМАЛА?! Дека сè беше една голема претстава, дека се само големи лицемери и глумци, дека Општина Охрид и…

Posted by Охрид SOS on Вторник, 19 мај 2020

Платформата на плажата Канео беше отстранета при спроведена акција од страна на Општина Охрид за рушење на дивоизградени платформи во езерото на потегот од „Ј’но“.

 

Би можело да ве интересира

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот