Дистрибуција на училишен прибор за учениците од поплавените подрачја

Од:

Во ПОУ „Свети Кирил и Методиј“ село Страчинци и во ЦОУ „Св.Кирил и Методиј денеска ќе почне дистрибуцијата на училишен прибор за учениците од полавените подрачја на која ќе присуствува министерот за образование и наука Пиштар Љуфтиу.

Мерката, учениците од поплавените подрачја да добијат училишен прибор ја најави Владата на РМ, а ќе ја спроведе Министерството за образование и наука.

– Обезбедена е компанија која ќе изврши дистрибуција на училишниот прибор во наредните денови до учениците во местата кои беа поплавени. Веќе се комплетираат пакетите соодветно на возраста односно на одделението на учениците. Деновиве очекуваме  да заврши финалното доставување на списоците од страна на комисијата и на општинските власти кои треба да ги потврдат. Има ученици кои се во поплавените места но не посетуваат настава во тие училишта. Внимаваме и тие деца да бидат опфатени со оваа мерка и на сите ученици кои беа зафатени од немилиот настан да им биде доделен училишен прибор и ранец, рече во петокот заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Според податоците на МОН, со мерката ќе бидат опфатени меѓу 3.500 и 4.000  ученици. Тие следат настава во 14 училишни објекти од кои поголем број се подрачни основни училишта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна буица го „проголта“ Големиот Кањон – бран висок 4,5 метри однесе сè пред себе

Горан Наумовски

Бројот на жртви во поплавите во Непал достигна 903

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Тибет достигна 676

359 загинати – се стравува од нов бран наноси во Непал

А1он

Се зголемува бројот на жртвите и на исчезнатите од поплавите во Непал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на жртви во Непал забрзано расте: Откриена е причината за катастрофалните поплави

Горан Наумовски