Директорот за генерален развој на УСАИД во посета на Американското катче во Штип

Од:

Директорот за генерален развој на УСАИД во Македонија, Едвард Гонзалес денеска беше во посета на Американското катче, кое се наоѓа во просториите на штипската библиотека „Гоце Делчев“.

Гонзалес истакна дека целта на неговата посета е да презентира кои проекти УСАИД ги има реализирано во Македонија во изминатите 25 години. Тој заблежа дека во изминатите години имале добра соработка со државните инстутуции, приватниот сектор и со невладините организаци и оти се поддржувани проекти за поттикнување на економскиот развој, демократијата и образованието. Во моментот УСАИД поддржува вкупно 27 проекти во Македонија.

– Во Штип имаме многу проекти коишто се посветени на работа со младите, а еден од нив е многу важен за нас. Тоа е ангажирање на младината и на општеството во различни проекти. Овој проект всушност нуди финансиски средства за создавање на проекти кои што ќе дадат соодветна врска меѓу граѓаните и локалната власт, рече Гонзалес.

Тој истакна дека во тек е и проектот „Читачите се лидери“, во кои се вклучени училиштата од целата држава со цел децата да почнат да читаат книги од млади години, а се посветува и внимание да се изучува математиката.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор