Директорот на затворот во Шутка: Докторите не укажаа на нарушено здравје кај Камчев, ниту дадоа дополнителна терапија

Од:

Бизнисменот Орце Камчев нема никакви здравствени нарушувања, покажале резултатите од испитувањата, посочи директорот на затворот во Шутка, Филип Андов за „А1он“. Тој вели дека за Камчев вчера била повикана Брза помош која не констатирала здравствени нарушувања, а утрово бил однесен и на контрола на државната Клиника за кардиологија, а резултатите биле исти. На Камчев по контролите не му била дадена ниту дополнителна терапија од онаа што редовно ја прима.

„Во текот на вчерашниот ден беше повикана Брза помош. Имаше нормален притисок, нормални параметри на неговата здравствена состојба. Од утринава повторно се пожалил кај домскиот лекар, а тој посочи да се однесе на контрола на Кардиологија. Судија даде одобрение, се однесе. Параметрите му се нормални. ЕКГ и притисок, вратен е повторно во казнено-поправната установа без никаква терапија“, рече Андов за „А1он“.

Директорот Андов вели дека секогаш кога Камчев или било кој притвореник ќе се пожали на здравствената состојба, редовно се контролира од домскиот лекар. Нему, редовно му се дава и хроничната терапија, за која неговиот адвокатски тим вели дека ја прима од негова 15-годишна возраст.

„Редовно ја прима пропишаната хронична терапија која му се дава од домскиот лекар. Никој не укажал дека има сериозна нарушена здравена состојба, водејќи се според резултатите и извештаите од докторите“, додаде Андов.

Адвокатскиот тим на Камчев попладнево преку соопштение се пожали дека бизнисменот има влошена здравствена состојба. Тие велат дека тој се гушел и имал силна главоболка.

„Сериозноста на здравствената состојба и ризикот кој постои по неговото здравје поради неможноста истата да биде соодветно третирана во затворот е докажана и од четири различни, релевантни медицински институции и со сета останата документација е уредно доставена до Судот“, стои во реакцијата на адвокатите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Десет затвореници избегале од затвор во Шутка, неспобните Пандов и Утковски да бидат разрешени

Катерина Ѓуровски

Затворот „Шутка“ е хотел промаја, затвореници излегувале кога сакале тврди Пандов

Катерина Ѓуровски

Тепачка во затворот „Скопје“: Тројца притвореници истепале цимер

Се истепале затвореници во Шутка, еден завршил во болница

Катерина Ѓуровски

Инцидент во истражниот затвор „Скопје“: Осуденик претепал полицаец

Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“

Горан Наумовски