Директорот на затворот „Шутка“: Мијалков е со други затвореници во ќелија

Од:

Нема наредба од судот за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде спроведен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ поврзан со масовното прислушкување, вели директорот на затворот „Шутка“, Ѓоко Котевски за „Макфакс“.

Мијалков е сместен во ќелија со други затвореници и нема посебен третман, како што е случај со Орце Камчев кој е сместен во „хашките ќелии“, тврди Котевски.

„Самата институција, вработените и секторот за обезбедување ги презема сите потребни мерки за безбедност на Сашо Мијалков, исто како и за сите други затвореници. Секако, ќе му бидат обезбедни сите права кои му следуваат, а тоа се два часа прошетка на чист воздух, посета од најблиското семејство, адвокат, присуство на рочиштата“, вели директорот Котевски за „Макфакс“.

Директорот на затворот „Шутка“ вели дека се завршени здравствените прегледи на Мијалков, но резултатите се уште не ги знае.

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вчеравечер беше спроведен во истражниот затвор „Шутка“ поради опасност од бегство, а по барање на СЈО. Кривичниот совет попладнево на Мијалков му ја одредил мерката притвор од 30 дена.

Мијалков е третиот приведен функционер од поранешната власт по бегството на експремиерот Никола Груевски. Претходно приведени беа поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Застаре уште едно дело на Мијалков

Ана Ололовска

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мијалков овојпат со затворско комбе симнат позади судот, завршни зборови за „Титаник 2“

Кристијан Ландов