Директорот на штаб на ДПМНЕ „награден“ со 18,5 милиони за две години тврди Левица

Од:

Општините каде што се на власт кадрите на ДПМНЕ се претворени во цицачи за финансирање на функционерите и елитата во друштво на Мицкоски велат од Левица.

– Новоназначените лица од Мицкоски кои секојдневно пропагираат борба против криминалот и корупцијата во државава, за делење тендери и крадење на нашите народни пари зборуваат во прво лице, бидејќи и самите тие, како и оние кои ги осудуваат во јавност, си оствариле огромен сопствен бенефит. Имено, вкупно 18.053.858,5 денари градоначалниците на само две општини му подариле на директорот на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ , Ивица Томовски, поточно неговата компанија Сити Логистикс, се вели во соопштението од партијата.

Според Левица, во општина Гази Баба е склучен Договор за реконструкција на објект Трубарево – втора фаза меѓу ЈКП Гази Баба и Сити Логистикс, на ден 21.02.2023 година во вредност од 5.000.001,02 денари. Потпишан е од в.д. директорот Игор Атанасовски. Дополнително, уште еден Договор за реконструкција на објект меѓу ЈКП Гази Баба и Сити логистикс е склучен на ден 05.12.2022 година во вредност од 4.800.013,44 денари. Овој договор е исто така потпишан од в.д. директорот Игор Атанасовски. Тоа се вкупно од Гази Баба 9.800.014,46 денари додаваат од партијата.

– Со потпис на Хистијан Мицкоски, Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ бил избран за Управител на ЕЛЕМ Турс ДООЕЛ Скопје во 2017 година. Само од плати во тој период Томовски добивал над 2 милиони денари или над 30.000 евра. Компанијата Сити Логистикс и тогаш не била оставена на цедило бидејќи како тогашен Управител на ЕЛЕМ Турс, Томовски добивал тендери токму од ЕЛЕМ за чистење на деловните простории каде што еден од тие договори е со вредност од 2 милиони и 600 илјади денари, поточно 42.000 евра. На тој договор потпис имаат ставено управителот Томовски и Мицкоски тврдат од партијата.

Од Левица велат дека неколку општини ги одржуваат во живот неколкуте компании кои што се блиски до Мицкоски, останатите општини директно како што тврдат од партијата му даваат финансиски инекции, а додека пак спред нив централната власт се грижи за сопствените тендери.

Би можело да ве интересира

Аврамоска: Левица во Советот на Охрид беше најактивна партија – така и ќе продолжиме

А1он

Апасиев: Заедно до победа – борбата продолжува!

(ВИДЕО) Мојсоска: Црна кампања против Левица докажува дека власта се плаши од нашиот раст

Мециновиќ од Аеродром: Луѓе одиме во втор круг

Мојсоска од Струга: Оние кои го амнестираа ДУИ сега шират манипулации за коалиција на Левица со ДУИ

Катерина Ѓуровски

Левица: ОБСЕ нотира цензура кон Левица во предизборниот период

Предраг Петровиќ