Директорот на ОДИХР, Линк повикува на почитување на парламентот и демократските институции

Од:

Мајкл Линк, директорот на канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОБСЕ/ОДИХР) денеска го осуди вчерашниот напад на пратениците во македонското Собрание и повика на итни чекори за мирно решавање на ситуацијата.

– Повикувам за итен политички дијалог во парламентот за да се овозможи мирно решение што е можно побрзо, рече директорот Линк.

Тој потенцираше дека парламентот е од витално значање за демократијата и предупреди дека заплашувањето и физичкото насилство немаат место во еден демократски систем.

– Обезбедувањето на функционирањето на парламентот е неопходно за да се овозможи конструктива и разумна дебата помеѓу избраните претставници – дебата која што е потребна за да се зачува плурализмот и да се адресираат прашањата кои што предизвикуваат поделеност во општеството, додаде тој.

Директорот Линк нагласи дека ОДИХР се спремни да понудат било каква помош потребна за поддршка на демократските процеси и за зацврстување на заложбите на ОБСЕ за задржување на принципите на демократијата и човековите права.

Би можело да ве интересира

Мисијата на ОДИХР има повеќе од 200 набљудувачи на изборите, првичните резултати ќе ги презентира утре

ОБСЕ/ОДИХР ја отвори набљудувачката мисија за претстојните двојни избори, ангажирани 320 набљудувачи

Заев и Маричиќ на средба со ОБСЕ-ОДИХР: Со прифатените амандмани на Изборниот законик обезбедивме дополнителни гаранции за локални избори по највисоки стандарди

А1он

ОБСЕ/ОДИХР со 20 долгорочни и 250 краткорочни набљудувачи ќе ги мониторира локалните избори

А1он

Директорот на БЈБ оствари средба со претставниците на ОБСЕ/ОДИХР

А1он

Конференција: Правата на лицата со попреченост да учествуваат на избори не се привилегија, туку должност на општеството