Директорот на „МЖ – инфраструктура“ дел од платата донирал за ДУИ

Од:

Директорот на „Македонски железници – инфраструктура“ секој месец дел од платата донирал за ДУИ. Ирфан Асани денеска во соопштение испратено до медиумите „морално и одговорно“ тврди дека како директор во неговото досегашно работење во ниту еден случај не го злоупотребил буџетот на компанијата за да ја финансира партијата, туку дека тоа го правел со сопствени средства. Тој достави документ во кој е наведно дека потпишал согласност 5 % од неговата плата да оди како донација за ДУИ.

„Невистинити се тврдењата на Државната комисија за спречување корупција и нејзиниот претседател дека ‘Македонски железници – инфраструктура’ се финансиери или донатори на политичка партија , односно на ДУИ. Претседателот на Антикорупциска комисија, Игор Тантуровски, во обид да го оправда неговото неефикасно работење во сегашниот мандат, преку вакви пласирани невистини во јавноста настојува да ја прикрие неефикасноста на оваа институција. Оваа комисија, која се финансира од народни пари, не знае правилно да ги толкува приложените писмени докази од моја страна како избран функционер“, вели Асани и додава:

„Во мојот допис до државната комисија за спречување корупција доставив писмен доказ дека 5 % од моите лични примања, односно од мојата плата согласен сум да одат во вид на донација за Демократската унија за интеграција, а не средствата или фондовите на претпријатието во кое сум директор, како што се обидува да прикаже оваа комисија, која очигледно со вакви невистини да ја поправи својата неефикасност пред јавноста“.

Тој прашува дали на Комисијата треба да ѝ се каже како и каде се трошат лични примања? Поради нарушување на неговиот углед тој најавува дека против Државната комисија за спречување корупција и нејзиниот претседател ќе покрене соодветни правни постапки и ќе поднесе кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места ДУИ ќе го формира со коалициските партнери од Европски фронт

Можното прегласување на седум избирачки места е тема на вонреден состанок на претседателството на ДУИ

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8

ВЛЕН: ДУИ е во паника, изјавите им се притисок врз Управниот суд

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024

До Управниот суд стасана една тужба од ВЛЕН, тужби има и ДУИ за сите седум избирачки места

Горан Наумовски