Директорот на Фондот за иновации ќе донира половина од неговата плата за да помогне на вработени во домашни фирми

Од:

Директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски половина од неговата плата ќе ја стави на располагање за формирање на солидарен фонд со цел да им се помогне да вработените во домашните фирми.

„Денес, сакам и јас да го дадам својот личен граѓански придонес во рамки на #ПридонесиИти. Половина од мојата плата ја ставам на располагање за формирање на Солидарен фонд кој ќе има за цел да им помогне на вработените во домашните фирми, пред се микро и мали, за да ги ублажат последиците од оваа криза“, вели Деспотовски.

Тој апелира и до други поединци и негови колеги да се приклучат во рамки на своите можности во оваа или други иницијативи.

„Благодарам, исто така, на компаниите од семејството на Фонд за иновации и технолошки развој за досега покажаната висока свест и општествена одговорност преку нивно приклучување на апелот на ФИТР“, додава Деспотовски

Претходно, министерката за финансии Нина Ангеловска кажа дека ќе се откажела од платата додека траеле кризните мерки.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска