Директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски денеска ќе им предава на студентите на Факултетот за безбедност-Скопје, кај проф. д-р Марјан Ѓуровски.
Како што соопшти Универзитот „Св.Климент Охридски“ – Битола, во рамки на реализацијата на предметните програми преку примена на средствата за електронска комуникација правејќи спој меѓу теоријата и праксата, Димовски ќе говори за безбедносните ризици и закани и приоритетите во работата и функционирањето на Агенцијата за национална безбедност на Република Северна Македонија како значајна алка во безбедносниот систем на земјата.
Димовски е гостин предавач врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за национална безбедност на Република Северна Македонија и Универзитот „Св.Климент Охридски“ – Битола за унапредување на соработката во областа на едукацијата и обуката на кадри за теми од заеднички интерес и размена на искуства и знаења.