Директорот на АЕК не ги објавил јавно трошоците за репрезентација

Од:

На првиот периодичен мониториг извештај за работата на АЕК и АВМУ (јуни – септември 2018) кој го изработија неколку граѓански организации, беа објавени податоците за транспарентноста и отчетноста на двете регулаторни тела: Агенцијата за електронски комуникации и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На презентацијата беше посочено дека Страрегијата за радиодифузија иако била најавена како приоритетна активност, се’ уште не е изготвена. Собраниската комисија за транспорт не го усвоила заклучокот со кој се предлага да се усвои годишниот извештај за работата на АВМУ за 2017 година. На интернет-страницата на АВМУ се објавени трошоците на директорот, кој потрошил помалку во споредба со претходниот извештај. Мониторингот препорача да продолжи практиката за објавување на известувањата за склучени договори за јавни набавки.

АЕК не ги објавил биографиите на директорот и членовите, а бројот на вработени лица не е ист со бројот на вработени објавен на интернет-страницата на ова регулаторно тело. Се уште не е воведен бројот 112 за итни случаи и покрај препораките на Европската Комисија. Шеста година по ред Европската комисија ја нотира загриженоста за проблематичното трошење средства од буџетот на АЕК за политички цели.

Прераспоределени се пари за изградба на антенскиот столб на АЕК. 70% од граѓаните немаат информации за постапката за поднесување барање за решавање спорови. Директорот на АЕК не ги објавил јавно трошоците за репрезентација на веб-страницата, што беше заложба на Владата за транспарентно работење.

Проектот за мониторинг на двата регулатори го спроведоа Евротинк, Транспарентност Македонија, НВО Инфо Центар и Хелсиншкиот комитет со поддршка на Амбасадата на Велика Британија во Македонија.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Групацијата 4iG го поздравува започнувањето на јавните консултации на АЕК за нов мобилен оператор

A1on

АЕК почна постапка за јавна расправа за спроведување тендер за трет мобилен оператор

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

Составена е листата за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

A1on