Директорката на охридската кардиологија, Донеска, го разреши и единственот специјалист по физикална медицина

Од:

Покрај деградацијата на кардиологот Никола Бакрачески и унапредувањето на д-р Зоран Донески, директорката на Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ – Охрид, Гордана Донеска, го прераспределила и единствениот специјалист по физикална медицина и медицинска рехабилитација, докторката Гордана Коњановска.

Решението на докторката ѝ било врачено пред две недели од службеник вработен во заводот, а образложението било дека директорот има право да прераспределува и дека во согласност со тоа право и видување таа има нова работна позиција.

Единствениот специјалист по физикална медицина и рехабилитација, докторката Коњановска, работела како раководител на одделот за рехабилитација, а сега е прераспределена на одделот за физикална терапија, што според систематизацијата е едно организациско ниво подолу.

Иако докторката е прераспределена пред една недела, нејзиното претходно работно место како раководител на оддел за рехабилитација сè уште не е пополнето и тој според правилникот може да го раководи само лице што има титула специјалист по физикална медицина и рехабилитација.

Докторката Гордана Коњановска веќе два мандата е дел од Советот на Општина Охрид. Извори блиски до болницата и директорката велат дека станува збор за политички реваншизам.

Специјалистот Гордана Коњановска ги потврди информациите за нејзината распределба, а директорката Донеска не се изјасни за овој случај бидејќи го прекина повикот.

Случајот за унапредувањето на сопругот на директорката, доктор Зоран Донески, ќе го испитува и атикорупциската комисија. Попладнево од Министерството за здравство изјавија дека детално ќе ја испитуваат работата на директорката Гордана Донеска, како и целокупната документација.

Сегашната влада додека беше во опозиција, жестоко го критикуваше ВМРО-ДПМНЕ и нивните функционери, кога тие разрешуваа и менуваа директори и раководители и истото го оценуваа како политички притисок.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство