Директорката на Кардиолошкиот завод во Охрид, Гордана Доневска, си го унапредила сопругот

Од:

Директорката на Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ во Охрид, Гордана Доневска, која го прераспореди екс градоначалникот на Охрид, кардиологот Никола Бакрачески, пред три недели го унапредила својот сопруг во раководител на болнички сектор.

Зоран Доневски, сопругот на актуелната директорка, претходно бил доктор во амбуланта каде вршел прегледи на пациенти, а сега, по распоредувањето е надлежен за пациентите, персоналот, како и поединечи одделенија во установата.

Директорката Доневска потврди дека го унапредила својот сопруг за што смета дека нема ништо спорно во тоа.

„Унапредувањето на д-р Зоран, кој е мој сопруг, го направив од причина што докторката која до тој момент беше раководител на тој оддел е на супспецијализација и моментално не е тука. Исполнети се сите критериуми. Во оваа болница сите доктори имаат некаква раководна функција. Можеби имало и други кандидати, но како кардиолози добиле друга раководна функција“, изјави Донеска за „Макфакс“.

Утринава во 8 часот директорката Доневска одржала состанок, за кој сè уште не се знае што имало на дневниот ред. Доневска и Донески, според нивните функции во кардиолошкиот завод, ги носат клучните одлуки поврзани со работата и функционирањето на установата.

Би можело да ве интересира

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството