Директорката на Детска клиника, Катарина Ставриќ поднесе оставка

Од:

Директорката на ЈЗУ„Универзитетска клиника за детски болести“ Катарина Ставриќ од лични причини поднела оставка од функцијата за време на изборната кампања. Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека деновиве ќе ја разгледаат оставката на директорката.

„Ќе разговараме да видам за што станува збор, дали ќе остане на таа идеја да се повлече или ќе сака и понатаму да продолжи да раководи со Клиниката. Доколку остане на идејата да се повлече, ќе разговараме со друг кандидат за директор“, рече министерот Филипче.

Ставриќ беше назначена за директорка на Детската клиника во август 2017 година.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Десет новинари од телевизијата N1 дадоа отказ

А1он

Одделите за имунологија и пулмологија на Детската клиника се времено фузирани заради недостигот на кадар во летниот период

Шест месеци чекаат плата: Вработени од Клиниката за детски болести на протест

Д-р Мицевска: Околу 20 деца со грип хоспитализирани на Детската клиника

Сиљановска Давкова ги посети децата на детските клиники во Скопје

Мастербет донираше близу 400 новогодишни пакетчиња за хуманитарните активности на Црвениот крст