Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Од:

Организациската директорка на Клиниката за Токсикологија, Бесија Иљази донела наредба со која им забранува на докторите, сестрите и болничарите на клиниката да даваат изјави на медиумите без нејзина согласност.

„Клиниката ја донесе следната Наредба: За забрана на неовластено присуствување, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес конференции. Се забранува неовластено свикување конференции за печатени и електронски средства за информирање, давање интервјуа и слично со што би се нанело штета на интересите на угледот на клиниката.

Средба со новинари, други медиуми само со претходно известување на в.д. организацискиот директор. Непочитувањето на оваа наредба подлежи а санкционирање“, стои во наредбата.

Оваа доаѓа ден по одлуката на Бесија Иљази да им ги додели решенијата за работа на 18 работници кои имаа истечени договори на дело на Токсикологија и една недела откако министерот за здравство го разреши медицинскиот директор Данил Петровски кој користи годишен одмор.

Дали е ова законски ДСЗИ ќе проверува деновиве. Од минатиот четврток 18-те лица повторно почнале да извршувааат работни задачи на Клиниката, иако за дел од нив јавно беше посочено дека немаат соодветно образование.

Истите преку писмена изјава објавена од министерството за здравство изнесоа обвинувања за професорот Нико Беќаровски дека ги навредувал на етничка основа зошто се Албанци. Тој негираше и најави тужби, а зад него застанаа речиси сите лекари и најголемиот дел од вработените на Токсикологија.

Би можело да ве интересира

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Вработена во средното училиште во Демир Хисар заработи пријава од МВР за наводно одземање или уништување службен печат или спис

Горан Наумовски

Најдовски: Директорката Маја Лозановска од СОУ „Крсте Петков Мисирков“ е законски разрешена

Горан Наумовски

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

(ВИДЕО) И на носилки директорката на средното во Демир Хисар во полициска станица – да биде разрешена

А1он

Директорка на училиште во Виница си ја вработи ќерката без соодветно образование

А1он