Директорка во охридската болница местела тендери, а од фирмата ја частеле патувања низ Европа

Од:

Вработена во болницата во Охрид како помошник директор за економски работи при спроведување јавни набавки потпишала изјава за непостоење судир на интереси, а како награда од правното лице кое го добивало тендерот добивала патувања во Милано, Париз и Варшава, соопшти МВР.

Полицијата поднесе кривична пријава против О.Л.(50) од Струга, шеф на отсек за комерција и јавни набавки во Општа болница Охрид и против М.К.(59) од Охрид, помошник директор за економски работи во болницата, поради постоење основи на сомнение за злоупотреба на службена положба и овластување.

Според информациите на МВР, во периодот од 2014 до 2016 година пријавените прикажувале фиктивни семинари за нив и нивните сопрузи, а второпријавената во 2016 година, прикажувајќи учество на семинар, извршила и резервација за неколку лица вработени во болницата во Охрид, со што нанеле штета на буџетот на болницата во износ од 45.440 денари.

Исто така, второпријавената при спроведување на јавни набавки потпишала изјава за непостоење судир на интереси пред склучување на договорите со правно лице од Скопје, а како награда за објавување на тендерите во корист на тоа правно лице ѝ биле платени патувања на конгреси во Милано, Париз и Варшава, со што се стекнала со противправна корист од 89.063 денари.

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица