Директорка на детска градинка во Штип исплатила 2,6 милиони денари за детски реквизити кои не биле доставени

Од:

Министерството за внатрешни работи соопшти дека поднеле кривична пријава за злоупотреба на службена положба против директорка на градинка во Штип.

„СВР Штип до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Н.М.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и попречување на правдата. Пријавената, во својство на вршител на должност директор на општинската јавна установа – Детска градинка во Штип, во декември лани, по спроведена постапка за јавна набавка на детски реквизити и монтажа на детски реквизити, иако доставата и монтажата не биле извршени, таа извршила исплата на економскиот оператор и предизвикала штета на Буџетот на Република Северна Македонија за сума од 2.593.601 денари“, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип