Директорите на ФЗОМ во Кавадарци: Стоматолозите задоволни од зголемениот капитациски бод

Од:

Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани во рамки на теренските активности кои Фондот континуирано ги има, денеска посетија две приватни стоматолошки здравствени установи од Кавадарци, кои имаат потпишано договор за работа со Фондот.

Беше констатирано задоволството кај стоматолозите од зголемениот износ на капитацискиот бод и редовната исплата на средствата.

– Дојдовме за да продискутираме со нив за ефектот од мерката која функционира од почетокот на оваа година, а тоа е зголемениот износ на капитациониот бод за стоматолозите. Ова е одлична прилика директно на терен преку директна комуникација со стоматолозите да слушнеме дали оваа мерка дава резултат. Во тек е шестиот месец откако Фондот исплаќа зголемена капитација која е во вредност од 40 денари, а до крајот на минатата година нејзиниот износ беше 35 денари. Значи има зголемување од 14 проценти на вредноста, изјави Стефаноски.

Тој истакна дека тоа зголемување за Фондот значи годишен трошок за околу 76 милиони денари.
– Тоа е значителна сума која се издвои за да се даде импут во подобрувањето на финансиската

состојба и подобрувањето на квалитетот на здравствените услуги кај стоматолозите. Или на годишно ниво, околу 600 милиони денари Фондот за здравствено осигурување издвојува за матичните стоматолози, кои имаат склучено договор со него и преку кој се прикрепени околу милион и триста илјади осигуреници во Република Македонија, кои имаат избрано матичен стоматолог, посочи Стефаноски.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот