Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство против лицето Р.Р. (41) од Демир Капија-директор на основно училиште во Демир Капија обвинет за кривично дело „Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“ и „Обљуба со злоупотреба на положба“.
Минситерството за внатрешни работи соопшти дека пријавениот во повеќе наврати користејќи ја својата положба, во својот стан сексуално ги злоупотребувал малолетниците, а како награда им ветувал дека ќе им ги поправал слабите оценки и им давал пари.
Двајцата злоупотребени малолетници се на возраст од 13 и 15 години. Тие во присуство на нивните родители и работници од Центарот за социјални работи изјавиле дека директорот од септември 2011 година до денес во повеќе наврати сексуално ги искористил.
Во текот на денешниот ден, пријавениот е повикан во просториите на МВР и изведен пред истражен судија од Основен суд Велес.