А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Директни летови до Канада, Бразил, Сингапур до крајот на годинава

by А1он05/01/2013 - 12:53293
Share0

Воздухопловната власт во земјава најавува директни летови од Скопје до некои од поголемите градови во Канада, Бразил, Сингапур најверојатно кон крајот на годинава. Иако допрва треба да се потпишуваат некои од спогодбите за отворено небо со овие земји, неколку нискобуџетни авиокомпании од Европа, Америка, Азија, но и од Истокот го скенираат македонското небо, пишува „Фактор“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство засега не сакаат да откриваат детали, но потврдуваат дека во преговори се за потпишување билатерална спогодба за отворање на небото меѓу Македонија и Бразил, Кувајт, Сингапур, како и Финска, Естонија и Полска.

– Бразил допрва ќе стане атрактивна туристичка дестинација за Македонците. Ако се земе предвид и дека Бразил во 2014 година ќе биде домаќин на Светското фудбалско првенство, а во 2016 година таму ќе се одржуваат Олимписките игри, за нас ќе биде голем предизвик да воспоставиме авионска линија до Бразил. Се уште не можам да прецизирам дали тоа ќе биде директна линија или можеби ќе ја искористиме конекцијата од Скопје до Дубаи – вели за Фактор, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Дејан Мојсовски.

Од АЦВП уверуваат дека авиосообраќајот во земјава полека се раздвижува, што укажува на тоа дека цените на авионските билети треба да го напуштат плафонското ниво, споредено со цените на билетите во Европа и во светот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Мојсовски додава дека изминатава година за Агенцијата била успешна што покажува и потврдата од Евростата дека во првата половина од 2012 година за 19% пораснал бројот на Македонци што патувале со авион, во споредба со 2011 година.

aerodromavion

Би можело да ве интересира

ХАОС ВО АВИОН: Познатата актерка ја гризела стјуардесата и се обидела да ја отвори вратата среде лет

Предраг Петровиќ12/10/2026 - 19:59

(ВИДЕО) Несекојдневна глетка во Романија – авион заглави под надвозник

А1он10/10/2026 - 08:56

Паника во Минхен: Опасна дива мачка забележана во близина на аеродромот

Предраг Петровиќ07/10/2026 - 16:16

Планирал терористички напад: Копилотот со секира го нападна пилотот за време на лет

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 09:26

Flydubai со радикална мерка по нападот на летот за Тел Авив: Ги суспендираат сите летови до Израел

Катерина Ѓуровски01/10/2026 - 08:3401/10/2026 - 09:05

ВИДЕО: Страшни снимки од авион: Пилот лежи во локва крв, патниците го совладаа напаѓачот

Предраг Петровиќ30/09/2026 - 16:4830/09/2026 - 16:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео