Дирекцијата за заштита и спасување се вклучи во гаснењето на пожарот на депонијата Русино

Од:

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денеска соопшти дека уште вчера во доцните часови активно се вклучила во акцијата за гаснење на пожарот кој ја зафати депонијата во Русино кај Гостивар и оти директорот Аднан Џафероски заедно со вработените од Подрачното одделение во Гостивар и утринава бил на терен, кој поради извршување на градежни работи е непристапен.

Реакцијата на ДЗС следува откако доцна синоќа гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари преку Фејсбук побара помош од државните институции во гаснењето на пожарот во регионалната депонија Русино.

ДЗС во денешното соопштение наведува дека за справување со пожарот биле ангажирани градежни машини како поддршка на територијалната противпожарна единица од Гостивар и Комуналното претпријатие на Гостивар и оти нивните екипи остануваат на терен се до конечно гаснење на пожарот.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче