Дипломатскиот синдикат реагира на огласот за избор на дипломати во ДКП

Од:

Македонскиот дипломатски синдикат денеска изрази загриженост поради објавувањето на 21 интерен оглас за упатување дипломати во дипломатско – конзуларните претставништва (ДКП).

Според Синдикатот, конкурсот се распишува во сензибилен период кога веќе е договорен датум за предвремени парламентарни избори со што се отвара простор за политичка злоупотреба на редовниот циклус на ротација во дипломатско-конзуларните претставништва.

– Со оглед на законски предвидената должина на целокупната процедура за упатување дипломати во странство, сосема извесно е дека постапките длабоко ќе навлезат во транзитните 100 дена на таканаречената “Пржинска Влада”, што дополнително ќе го компромитира комплетниот процес на донесување одлуки. Оттаму, оправдани се стравувањата и сомнежите на вработените во МНР дека се можни силни политички влијанија во изборот на кандидатите и партиски „клуч“ при кадровските решенија во облик на подобни имиња во стратешките центри како Вашингтон и Берлин, амабасадите во Хаг и Атина, како и мисиите при Европската Унија, НАТО и Обединетите Нации, велат од Синдикатот.

Зачудени се што министерот Димитров се решил на ваков чекор и очекуваат тој самиот да побара стопирање на огласите до завршување на изборите.

Би можело да ве интересира

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Воздушниот простор над Израел затворен за цивилни летови, МНР и Амбасадата во Тел Авив апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош

Предраг Петровиќ