Диневски: Тодоров дискриминира по политичко уверување

Од:

„Досега најескпонираниот министер за здравство, се уште учи за здравствените политики, па наместо со суштински прашања се бави со висината на шалтерите и набавката на пижами за болните“, укажа СДСМ.

„Додека во јавноста глуми наивна чесност, овој човек опасно го партизира здравството и дискриминира по политичко уверување.Не само што ги прави неподносливи условите за работа за сите кои мислат поинаку од него, па и ги брка од работа, тој дискриминира толку брутално, што забранува вработување и на семејствата на неговите неистомисленици.Пред неколку дена во болницата Свети Наум Охридски, поранешна Градска болница и беше ускратено правото на работа на Билјана Андоновска“, рече Менде Диневски.

Андоновска, како специјализант по општа хирургија има најмногу поени од останатите свои конкуренти, висок просек од 9.4 и неколкугодишно искуство во работа со пациенти. Само заради политичката определба на нејзината мајка, која е хирург во оваа болница, Никола Тодоров и го одзема правото на работа, велат од СДСМ.

„Место неа се примени кандидати со десетици поени помалку, со понизок ранг, послаб успех на студиите и помало искуство, само заради тоа што се партиски подобни. И за оваа постапка на надлежните нема никакво објаснување. Му порачуваме на Никола Тодоров дека овојпат нема да поминат неговите вицови за интелектуалната супериорност на кандидатите ВМРО-вци. Министерот веднаш мора да ја поништи одлуката и конкурсот да го спроведе докрај законски, како што и прилега на една угледна здравствена институција. Во здравството постои политичка дискриминација и, ако министерот не го исправи скандалозниот избор, тоа ќе значи дека дискриминацијата потекнува директно од неговиот кабинет“, рече на прес конференција, Менде Диневски.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот