Димовски во Кочани промовираше две мерки за вработување

Од:

Носителот на листа во Изборната единица 3 од Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната прес-конференција во Кочани промовираше две мерки од Програмата на Коалицијата кои се однесуваат на вработувањето.

– Првата мерка се однесува на самовработување со кредитирање на вршители на земјоделска дејност, а се однесува на формализирање на веќе постојни земјоделски и други услужни дејности. Оние граѓани кои ќе ги формализираат своите земјоделски бизниси, ќе добијат по 7.000 евра кредит од Македонија со грејс период од една година и со целосна отплата од седум години. За секое следно вработување би добиле уште 4.000 евра односно 64.000 евра до 15 вработени. Ова ќе даде значаен придонес за развојот на земјоделството и аграрот воопшто, истакна Димовски.

Втората мерка, како што рече, се однесува на Програмата за кредитирање на правни субјекти за отворање на нови работни места. Секоја компанија која ќе отвори ново работно место од државата ќе добие кредит од 3.000 евра со рок на отплата две години и грејс период од една година со камата од 1процент. Лицето кое што се вработува ако е под 29 години ќе добие кредит од 4.000 евра за вработување во компанијата.

Прокетот „Македонија вработува 2“ продолжува и понатаму, истакна Димовски, правејќи паралела дека на крајот од мандатот на СДСМ во Кочани биле вработени 6.778 лица, а до денес во мандатот на ВМРО – ДПМНЕ се вработени 11.346 граѓани на Кочани. Разликата во овој дел е 4.568 повеќе што значи толку граѓани одат на работа. Оваа бројка е за 80 отсто зголемена. Ваквиот број на зголемени работни места се должи и на присуството на две странски компании во Кочани, како и отворање на мали семејни бизниси.

Носителот на листа во Изборната единица 3, Илија Димовски оствари средба со жителите на Ромското маало, со младите и граѓаните на Кочани, а попладнево ќе одржи средба со жителите на село Тркање.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски