(ВИДЕО) Димовски: Сулуди се идеите без одлука на Собранието, Советот на јавни обвинители да назначи в.д. на местото на Јанева

Од:

Сулуди се идеите без одлука на Собранието, Советот на јавни обвинители да назначи в.д. на местото на Катица Јанева, вели претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски.

Според него добро е што Советот покажал отпор на притисоци од различни центри на моќ и вели дека се уште не стигнал извештајот со предлог за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева. Кога ќе стигне извештајот и кога ќе се видат основите за разрешување, Димовски најави дека ќе свика седница на Комисијата, а во текот на денот веќе почнал консултации со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со координаторите на пратеничките групи.

Димовски ја повтори процедурата дека потребна е согласност од партиите и Комисијата за да се предложи разрешување на Јанева.

Во однос на паралелниот процес на преговори и носење на нов закон за обвинителство, заедно со постапката за разрешување, Димовски вели дека нема обврска да го чека исходот дали ќе се изгласа законот со кој треба да се реши судбината на СЈО, затоа што Законот за СЈО е на сила уште една година.

Претходно, Советот на јавни обвинители едногласно одлучи дека се исполнети условите за почнување на постапка за разрешување на Катица Јанева од челната функција во Специјалното јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба