Димовски: Сите предлози на СДСМ се несериозни

Од:

Несериозни предлози за дневно политички маркетинг е оценката на координаторото на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски дадена за предлозите за законски измени што денеска ги предложи опозицијата.

– СДСМ се обидува да биде бледа копија на ВМРО-ДПМНЕ, а фактот дека долго не работеа се гледа и во тоа што се обидуваат да играат неискусна маалска игра. Ќе ја лажат јавноста, ќе ветуваат се и сешто, само да да придобијат симпатии – рече Димовски.

Во однос на предложеното решение за минамална плата на СДСМ која бара таа да се зголеми од сегашните 9.590 на 11.000 денари, Димовски рече дека е неиздржано решение затоа што фирмте нема да можат тоа да го поднесат тоа и 30.000 луѓе веднаш ќе бидат избркани од работа.

– Со тоа наместо да им помогнеме, ќе им наштетиме – изјави пратеникот Димовски.

За предлогот на СДСМ да се укине екстерното полагање, тој рече дека е несиориозен и неодговорен предлог, а тоа било обид СДСМ да придобие поени на грбот на децата.

– Нема да дозволиме политичката безидејност на СДСМ да ја загрози иднината на децата – оцени Димовски.

За предложеното решение за Закон за буџетско финансирање за Димовски тоа е политичко подметнување, бидејќи според него, такво решение не постоело во ниту една европска држава.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус