А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Димовски си замина, останатите тројца осомничени се уште се во Кривичниот суд

by А1он01/02/2019 - 14:1401/02/2019 - 16:11189
Share0

Поранешниот министер за земјоделство и актуелен пратеник во Собранието Љупчо Димовски си замина со приватно возило по распитот во Кривичниот суд во Скопје, во врска со доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште.

Добивај вести на вибер

Во Кривичниот суд, судија на претходна постапка се уште одлучува по предлогот на надлежен јавен обвинител за определување мерка притвор за тројца од четворицата поранешни министри и заменици министри за земјоделство осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција претходно информира дека четворицата во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп.

– Станува збор за досега утврдени 584 договори за закуп на земјоделско земјиште на разни локации низ државата. На овој начин била предизвикана штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 88.467.607 денари (над 1,4 милиони евра)., информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Во соопштението од Обвинителството не е навден идентитетот на осомничените, но дел од медиумите објавија дека станува збор за поранешните министри Ацо Спасеновски, Михаил Цветков, Љупчо Димовски, како и поранешниот заменик министер Кристијан Делев.

mvrmzsv

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 16:0108/03/2026 - 16:04

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 12:0708/03/2026 - 12:23

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 16:0807/03/2026 - 16:10

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Предраг Петровиќ28/02/2026 - 16:18

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:32

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он18/02/2026 - 16:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен